Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, искажа низа на причини зошто е поднесена интерпелација на министерот Оливер Спасовски. За Мицевски, Спасовски мора да си замине и да го остави министерството на способни луѓе.

Овој министер покажа дека нема капацитет да ја води оваа одговорна функција. МВР е институција која што е еден од главните столбови. Наместо тоа со досегашното работење, Спасовски е пример за неодговорност, нестручност и во МВР постои класична партизација. За само две години откако Спасовски е министер, ова министерство се соочува со бројни скандали, афери, недоверба. Луксузирање со парите на граѓаните, политички хајки, партиски вработувања, скандалозни апсења, злоупотреба на службената положна за потребите на Зоран Заев.

Спасовски се луксузира, а министеството стана синоним за корупција. Спасовски реализираше сомнителна милионска набавка на 40 возила за потребите на МВР. Без тендери додели милион евра на фирма од Куманово. Исто така Спасовски му додели монополски бизнис на 26 годишно момче за вршење на лиценци за возачки дозволи на територијата на град Скопје.

Спасовски без ниту трошка одговорност врши класична злоупотрба на службениот имот и службени возила. Бевме сведоци на злоупотребата на службени возила на луѓе блиски со него. Го претвори министерството во туристичка агенција за партиски активисти и членови.

Сведоци сме на убиства, неразјаснети исчезнувања. Уште колку крвави пресметки треба да се случат за Спасовски и СДСМ да престанат да ги штитат криминалните банди во Скопје и државата. Колку луѓе треба да исчезнат за Спасовски да се свести, а министерството да престане да дава само бледи изјави. Роднините бараат одговорите и конкретни рзултат, а не вашите компарации. Скопје станува еден од најнебезбедните градови во Европа. Спасовски и натаму трага по убиецот на Јанушев, како и еден од убијците на Никола Саздовски. Полицијата е немоќна.

Странски амбасади ги предувпредуваат совите граѓшани, да не патуваат во Македонија поради теротистиски напади од страна на ИСИС, додека МВР и Спасовски не превземаат ништо да ги предупредат своите граѓани.

На овој хаос мора да се стави крај, со што би дошол кадарен, способен човек и успешно ќе се справува со работата. МВР со Спасовски се третира како оаза на криминалот и корупцијата“, изјави Мицевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.