Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во изјава за ТВ21 потврдува дека од Собранието им било кажано дека во текот на денешниот ден нема услови за да се одржи седницата наменета за одложување на пописот.

Тој додава дека истата ќе биде закажана за утрешниот ден.

Денеска претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека согласно со важечкото решение, статистичката операција треба да почне уште утре.

Не бев на средбата на која се носеше политички договор за одложување на пописот и немам одговорност за тајминзите. Не може да се прави сметка без крчмар, требаше да се процени дека ќе влеземе во цајтнот“, рече тој, додавајќи дека во постапката за одложување има соодветни процедури што треба да се поминат.

Тој ѝ го вратил во Владата Предлог-законот за измени на Законот за попис, поради, како што рече, формални пропусти, и очекува во текот на денот да биде вратен во Собранието. Сепак, Џафери, на денешната прес-конференција, рече дека не може да каже дали за денес ќе биде закажана седница за изгласување на потребата од донесување на законот по скратена постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.