Откако нејзиниот дедо починал во кумановската модуларна ковид болница, болничарите и побарале мито од 3 илјади денари за да го облечат, а болницата на семејството не му дозволила да одбере со кое погребно претпријатие ќе го испрати во вечното почивалиште покојникот, сведочи за „Слободен печат“ кумановката Валентина Пешиќ. Таа низ солзи раскажува дека дедо и починал без вода и храна.

Според Пешиќ, болницата тврдела дека соработува само со едно погребно претпријатие и дека погребот и протоколарниот дел околу изнесувањето на покојникот од болничкиот објект морало да се случи исклучиво преку тоа погребно претпријатие.

Ни кажаа дека треба однапред да им платиме 3 илјади денари за да го облечат дедо ми. Мајка ми праша дали може да даде две илјади денари, бидејќи не носеше во моментот со неа повеќе пари. Ја одбија. Потоа им кажавме дека погребното претпријатие ќе го облече дедо ми. И тоа го одбија. Ни рекоа дека тие ќе викнат погребно претпријатие, дека соработувале само со едно и освен него, никој друг не ги носел починатите од ковид. Се збунивме, но бидејќи бевме во шок, мајка ми даде две илјади денари, а не и дадоа ни потврда дека платила, вели Пешиќ за „Слободен печат“.

Нејзиното потресно сведоштво слушнете го тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.