„Учениците ми го исклучуваат микрофонот, па не се слуша што зборувам“, „Ме отстрануваат од групата за онлајн-час“, „Учениците користат програми за да создаваат бучава и да не можам да предавам“, „Поставуваат вулгарни слики во заднина во видеоповикот“. Ова се дел од жалбите на наставниците за нивните секојдневни случки со учениците и во основно и во средно образование, откако наставата се одвива онлајн, анализира „Факултети“.

Наставниците што помалку ја владеат апликацијата „Мајкрософт тимс“ чувствуваат срам и страв и не сакаат јавно да зборуваат за тоа што им се случува во текот на наставата.

Жалбите најчесто се насочени кон тоа дека учениците користат апликации за да направат бучава (фонија) со цел да биде попречена двонасочната комуникација, се појавија и примери каде што ученици во заднината на видеоповикот поставуваат слики со вулгарни содржини кои не се соодветни за нивната возраст и за образовната институција, вели Томислав Гиевски, претседател на НСОНК.

Целата сторија на „Факултети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.