Друштвото МХЕ Тополки ги демантира информациите изнесени денеска на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ кои го поврзуваат со притворот на вработените од Министерството за транспорт.

Лажните наводи за поврзувањето се апсолутно неточни, тенденциозни и се намерно изјавени со цел да се предизвика штета на угледот и честа на друштвото, како и на безбедноста и нормалното тековно работење согласно законот. Со изјавувањето на груби невистини од страна на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ за Друштвото МХЕ Тополки, се врши невидена тортура врз нормалното законско работење на Друштвото МХЕ Тополки, без никаква одговорност за нанесената штета криејќи се зад прашалната форма Дали…каде не констатира и тврди туку инсинуира со намера да наведува на невистинит заклучок и да прави голема штета на друштвото, стои во демантот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.