Откако јавно им ги прочита имињата, премиерот Зоран Заев се пишмани, па врати дел од разрешените директори. Двајца од десетината директори сепак ќе останат на своите позиции откако вчера тој се премислил под влијание на еден министер. Формално сменетите директори на скопскиот Здравствен дом Златко Мехмедовиќ и на Геронтолошки завод 13 Ноември Скопје – Салија Љатиф сепак ќе останат на своите позиции.

Планот на премиерот било во обид да се направи лажна слика за вистински промени, двајцата директори да си ги сменат местата. Мехмедовиќ да стане директор на “Геријатрија” а Љатиф да го води здравствениот дом Скопје.

Но откако за смената реагирале негови советници и еден министер за кого ваквата смена била “чиста глупост” премиерот се премислил и ги оставил веќе сменетите директори на своите позиции.

Медиумите повикувајќи се на извори во владата објавија дека Заев вчера на двајцата директори им се извинил и им посакал успех на старо новите позиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.