Лошите изборни резултати го натераа премиерот Зоран заев да ожпогледне во своите реови и да најави чистка во владата и во партијата. Заев најави, но не кажа од каде ќе почне да игра метлата, пишува Курир.

Порталот наведува дека во јавноста кружат информации дека Заев со метлата ќе ја потфати Радмила Шеќеринска, заменик-претседател на СДСМ, вицепремиер, и министерка за одбрана, која не покажа никакви резултати.

Според информациите, Заев планира Шекеринска да му остане поддршка на Бихаќка, но не и во Владата. Се очекува откако ќе остане без функција министер, таа да биде концентрирана само на својата партиска функција во СДСМ, пишува Курир.

СДСМ како партија која предмалку се соочи со слабата поддршка, допрва треба да повлекува потези, прво во сопствените партиски редови. Враќањето на Шекеринска, Заев го гледа како “стегање на обрачот“ околу оние кои раководеа со партијата додека челниците седнаа на столчиња во Влада.

Следен на удар се очекува да биде Кочо Анѓушев. Овој министер својот досегашен мандат го одбележа со низа скандали. Резултати од неговата работа речиси и да нема, а доделен му е значаен сектор. Од таму е разбирлив револтот кај граѓаните кои постојано бараат одговорност и повлекување на Анѓушев од функцијата.

Бидејќи и од министерската позиција единственото што го покажа е како да оствари лична корист, Анѓушев откако ќе биде “изметен“, се очекува да си се врати во бизнис секторот.

Еден од ударите кои Заев најтешко ги поднесе е поразот во скопските општини со кој се соочи на претседателските избори.

Сигурно е свесен дека незадоволството кај скопјани се должи во најголема рака на неработата на Шилегов.

Од таму оправдани се очекувањата дека ако Заев почне да мете кај градоначалниците, Шилегов би требало да биде прв на “удар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.