Кабинетот на премеирот Зоран Заев утрово информира дека ќе биде отусутен четири дена поради приватни причини. Заев земал одмор меѓу изборите и метлата, и онака метлата две години стои зад врата, па и четири дена може да почека.

Набрзо по „важната вест“ во нашата редакција пристигна видеоснимка од Ново Село, а читателот кој ја испраќа сведочи дека со полициско обезбедување се пренесуваат моторите на Заев кон Бугарија.

Новоселци тврдат дека со владини возила и полициско обезбедување Заев заминал да се одмори од државничките работи кај своите пријатели во Бугарија.

Кога го потпишував Договорот, бев среќен како кога го возам моторот, но моторот ништо не го заменува

Ништо не може да ја замени возбудата што ја предизвикуваат моторите кај премиерот Зоран Заев, па ни потпишувањето на договорот со Грција. На интересното прашање на новинарката, кога е поголем адреналинот кај премиерот кога го потпиша договорот или кога го вози моторот, Заев раскажа  романтична приказна за својата цврста врска со моторот и кацигата.

Уф, ништо не го заменува моторот! Јас бев многу среќен кога го потпишував договорот, како што сум среќен кога го возам моторот. Кога го возам моторот, јас сум сам со себе. Јас сакам секој час да го поминам со своето семејство, со децата, со сопругата и слично, ама живеам со мајка ми и со татко ми. И тука кога сум дома, некој се јавил, имам замолници, ургенции…

За час новинарката го прекина премиерот кај ургенциите, а тој ѝ се доверу дека често се јавуваат кај премиерот за ургенции, но тоа е резултат на неговата отвореност и желба да помогне, па го продолжи разговорот за моторот.

-На крајот, моторот е прибежиште. Веројатно ѝ правам проблем на полицијата, но се извинувам, внимателен сум, почитувам… И тогаш сум сам со својата кацига, буквално сам на моторот кога возам дали е тоа по планините или оној по улиците. Тоа ми е хоби, кога сум на моторот, тие неколку часа, ги полнам моите батерии. Обично тоа го правам во недела, а во понеделник се чувствувам како нов, како рехабилитиран, за да можам со жар, со енергија, со сила да продолжам, заврши премиерот.

Премирот вози моторцикл БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, кој од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот.

Моторциклот кој што го користеше претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев не е во негова лична сопственост и поради тоа не е наведен во неговиот анкетен лист. Возилото е во сопственост на семејната компанија Тотал инжинеринг и за него се платени сите давачки во согласност со законите и прописите во Република Македонија, изјави своевремено Бошњаковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.