Албанскиот претседател, Илир Мета, ја поздрави ратификацијата во албанскиот Парламент на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Мета на Фејсбук, напиша дека се гордее со клучната улога што ја имаат Албанците во овие значајни одлуки за Северна Македонија и целиот регион.

Го поздравувам едногласното гласање од страна на Собранието на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО! Присуството на претседателот Џафери е чест на свеченото гласање. Визијата и политичката определба за отворање на европскиот и евро-атлантскиот пат на земјата заслужуваат најголема благодарност и најтопло гостопримство во транс-атлантското семејство! Горд на клучната улога што ја имаат Албанците во овие значајни одлуки за Република Северна Македонија и целиот регион! Побезбедни и посилни заедно во НАТО!, напиша Мета, постирајќи фотографија на која е заедно со премиерот Зоран Заев.

E duartrokas votimin unanim nga Kuvendi🇦🇱 të Protokollit të Anëtarësimit të Republikës së Maqedonisë së Veriut🇲🇰në…

Gepostet von Ilir Meta am Donnerstag, 14. Februar 2019

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.