А бе нема таков психијатар што може дијагноза да ви даде, а не да ве лечи!, ѝ порача на власта актерот и активист Сашо Тасевски, коментирајќи ја веста дека владата одлучила да ѝ се придружи на Европската унија со воведување рестриктивни мерки за Никарагва поради, како што е наведено, состојбата во оваа држава од Средна Америка.

Имате три илјади мртви од ковид, секој нов ден умираат по дваесетина, немате набавено ниту една вакцина и уште пребирате, нејќеме руски, нејќеме српски вакцини!
Какви сакате бе? Фајзер? Е па нема Фајзер. ЕУ ви го начука ко што заслужуваат сервилни говеда ко вас.
Февруари ќе набавеле 800 илјади. Уште ретардирани веруваат на вашите лаги.
И место да се растрчате по светов за вакцини, да ја запрете епидемијата, зашто народ умира, вие шупаци, вода у очи што немате, седнавте и воведовте санкции на факинг Никарагва, која за нас е Шведска и ја заболе за вашите санкции.
А бе нема таков психијатар што може дијагноза да ви даде, а не да ве лечи!, коментира Тасевски.

Како што е наведено во одлуката објавена во Службен весник, станува збор за финансиски мерки и за забрана за влез на граѓаните од Никарагва во Македонија, кои се воведуваат на неопределено време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.