Струшкиот градоначалник остана на своето дека ауди А6 од 70.000 евра не е луксузен автомобил, зашто обични граѓани возат автомобили од 100.000 евра.

Во гостување на ТВ 24 градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ја праша новинарката, која го потсети на општинскиот долг, но и на новите шкоди, како ќе дошол во студиото во Скопје ако не го купел возилото.

Не е срамота градоначалник да седи по патиштата? Шкодата ќе оди со помала брзина и не е тоа тоа. И што има тука проблем? Видете го колку е убаво. Па каков градоначалник ви се гледам јас, ќе одам со фиќо? Стотина коли мерцедеси, ауди, јас со опел вектра. Па не вреди градоначалник со скинати алишта и со стара кола. Не сум пишман за тоа што сум го купил. Можда требеше да земам уште поубаво возило, вели Мерко.

Тој потврди дека исто вакво возило купил и во 2011 година, но тоа сега било во неподвижна состојба.

ТВ 24 објави дека општина Струга на крајот од ноември лани се подновила со 4 автомобили тешки 114.000 евра, меѓу кои е и луксузниот автомобил за Градоначалникот кој е вреден 67.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.