Општина Струга не престанува со изненадувања, а стружани се веќе сити од нив, реагираат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струга.

После безброј ветувања дека градот ќе почне да заличува на нешто, сведочиме за гол популизам и трка по гласови за уште еден мандат. Прстот е директно вперен во администрацијата предводена од ДУИ и нивниот коалициски партнер СДСМ, затоа што рака под рака си гласаат одлуки во Советот и ги спроведуваат истите.

Сведоци сме на уште едно естетско промашување олицетворено во илуминација или осветлување на коритото на реката Црн Дрим. Дека за вкусови не се дебатира и дека секој има право на сопствено убедување е цивилизациска и демократска придобивка која секој треба да ја почитува. Но, тоа важи кога станува збор за индивидуа или за лични средства што некој си ги користи да ја изрази својата имагинација. Кога се во прашање наши пари, тогаш за нив сакаме да знаеме сѐ – за што се планирани и колку и како се потрошени.

На Друштвото за електроинсталатерски услуги и трговија ТЕ-ЏИ БМ ЕЛЕКТРИК ДООЕЛ увоз-извоз – Мислодежда, Општина Струга ќе му исплати неверојатни 110.000 евра за извршени услуги проектирање и инсталација на споменатиот уред за осветлување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.