Според извештајот на Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија, Општина Струга за две години, само за репрезентација, потрошила над 10 милиони денари.

На ова реагираше ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга бидејќи граѓаните на Струга со години не можат да добијат улично осветлување, вода за пиење, неасвалтирани улици.

Каква е оваа иронија, кога во Струга имаме голем број проблеми, како што се: уличното осветлување, загадената вода за пиење, канализациона мрежа во селата, неасфалтирани улици, кучиња-скитници и уште многу други, а над 10 милиони денари се потрошени на репрезентација односно по кафани, ресторани и хотели! Ако овие пари ги вложевте само во еден дел од проблемите со кои се соочувавме, совеста ќе ви беше чиста, ама очигледно парите и моќта ве заслепиле! Упорно одите со глава во ѕид, упорно тонете подлабоко во бездната која секој ден е се подлабока! Зарем немате чувство за соживот, да му помогнете некому, кому му е потребна помош, да вложите во Струга и околните села! Ама на се има крај, ќе дојде и вашиот и тоа многу брзо затоа што народот не заборава и не простува!, велат од ВМРО-ДПМНЕ Струга

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.