Поранешниот функционер на СДСМ Ивор Мицкоцки реагира на веста дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ќе се вози во ново „ауди А6“ вредно 67.000 евра.

Владата во минатата година со 50 милиони евра од Буџетот ги покри долговите на општините.

 

Се предупредуваше за неодговорната политика и кај ќе отидат парите на веќе презадолжените општини.

Покрај „ауди А6“, односно лимузина седан со четири врати, вредно 66.700 евра, општина Струга порачала и „шкода октавија“, лимузина со пет седишта, а вредна 18.700 евра и две „шкода рапид“, исто така лимузини со пет седишта, а кои чинат по 14.205 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.