Гафот со летонското знаме истакнато пред Владата за пречекот на австрискиот канцелар Себастијан Курц стана практика. Штом пред протоколот на СДСМ ќе се исправи предизвикот тробојка, дипломатскиот скандал е неизбежен.

Претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска пред два дена направила протоколарен гаф на средбата со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Наместо знамето на Франција на средбата покрај македонското знаме било поставено знамето на кралството Холандија.

Претходно, и Рамиз Мерко имаше чест да го пречека Тимоние во Струга, но и покрај острите реплики што си ги разменија претходно, Мерко имаше доблест да го испочитува гостинот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.