Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција информираше дека ќе предложи заострување на мерките за коронавирусот.

Јас сум свесен дека оваа ситуација го смени животот и дека луѓето се соочени со стравот, кој не треба да стане ирационален. Мора сите да сме свесни дека таа самоизолација е спасот и начинот да се стави крај на ширење на инфекцијата. Во оваа битка учествуваме сите, секој еден од нас мора да помогне да се надмине оваа кризна ситуација, светска здравствена криза. Мерките се согласно препораките и степенот на ширење на вирусот. Имаме податоци дека мерките не се почитуваат, на денешната седница ќе предложам заострување на мерките, особено во делови на државата. Потоа ќе информирам за донесените одлуки-  рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.