Откако европските лидери не успеаа да се договорат и Македонија остана без датум за преговори со Европската унија, се огласи германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел во обраќањето изрази големо жалење за тоа што европските земји не успеаа да постигнат консензус и да ѝ доделат датум за преговори на Македонија со Европската унија.

Кога разговаравме за отворањето на преговорите, за жал, ние не можевме да постигнеме договор за Македонија и Албанија. Многу ми е жал за оваа одлука. Ставот на Германија беше да се овозможи започнување на преговорите, но ние не постигнавме едногласност“, изјави германската канцеларка.

На прашањето зошто Берлин е против раздвојувањето на Македонија и Албанија, компромисна варијанта која била предложена од страна на Данска и Холандија, Меркел изјави дека за Европската унија би било „попаметно“ двете држави да се одржуваат заедно.

Двете земји направија големи чекори, процесот на ветинг во Албанија трае веќе долго време. Од друга страна, Македонија направи многу значаен договор за името. За нас е попаметно да ги одржуваме земјите заедно, кога ја гледате мапата, сфаќате дека е многу важно овие земји да станат дел од Европската унија“, изјави Ангела Меркел.

За крај, германската канцеларка вети дека Европската унија ќе продолжи да разговара за ова прашање кое повторно ќе биде отворено на следниот самит кој на пролет идната година ќе се одржува во Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.