Премиерот, Зоран Заев со видео се обрати до јавноста по вчерашната средба со германската канцеларка, Ангела Меркел. Заев повтори дека Меркел ја информирала македонската делегација дека Бундестагот во септември ќе донесе одлука за одобрување на стар на преговори со ЕУ.

Вчерашната пријателска средба со канцеларката Меркел беше средба каква што личи меѓу земји – стратешки партнери. Македонија го испорача очекуваното и на нас се гледа во многу позитивно светло. Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата, порача Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.