Во кабинетот на на Ангела Меркелво Берлин во 9:30 часот почна средбата на германската канцеларка со Зоран Заев. Меркел го пречека премиерот во сино сако.

Според аналитичарите, изборот на бојата на сакото на германската канцеларка никогаш не е случаен, туку со него се испраќа порака соодветна за средбата и видот на разговорот.

Според овие анализи, Меркел носи сино сако кога треба да делува сериозно, но не и строго.

Од денешната средба Заев очекува поконкретни информации дали Македонија може да се надева на одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ летово или наесен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.