Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се движат по различни шини во зависност од успесите, смета германската канцеларка Ангела Меркел, која на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, додаде дека во случајот на Македонија, со решавањето на спорот за името беше направен неверојатен скок затоа што тоа прашање беше причина за блокада.

Според Меркел, двете земји кандидати би можеле да одат по одвоени патишта откако ќе ги почнат преговорите, но не треба да се одвојуваат.

Сметам дека Албанија и Северна Македонија припаѓаат кон истата група. Ги имаме Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија и конечно ги имаме Босна и Херцеговина и Косово – каде што имаме една поинаква ситуација. Затоа сметам дека доколку сме фер, обете земји треба да почнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси, рече Меркел.

Таа смета дека самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во јуни во Загреб е важен настан, и вели дека доколку се отворат преговори со Скопје и Тирана тоа ќе биде „важен сигнал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.