Партијата Левица, преку соопштение информира дека побарала од владата дополнување и изменување на мерката усвоена на XVI-та седница на Влада, односно мерката за ослободување да опфаќа и еден од родителите чиишто деца се малолетни до 10 годишна возраст, но не посетуваат никаква образовна установа. За овие родители, услов за користење на мерката е доставување на извод од родените на своето дете. Овој заклучок се однесува и на самохраните родители.

Откако добивме повеќе пријави дека родители со деца под 10 годишна возраст (кои не посетуваат градинка) не можат да бидат ослободени од работни активности, денес поднесовме официјално Барање до Владата и Министерството за труд и социјална политика.

Преку нашиот допис побаравме дополнување и изменување на мерката усвоена на XVI-та седница на Влада, односно мерката за ослободување да опфаќа и еден од родителите чиишто деца се малолетни до 10 годишна возраст, но не посетуваат никаква образовна установа. За овие родители, услов за користење на мерката е доставување на извод од родените на своето дете. Овој заклучок се однесува и на самохраните родители.

Сметаме дека претходно дефинираната мерка е ограничувачка и го отежнува функционирањето на родителите во вонредна ситуација кога образовните институции се затворени, при што јавно апелираме надлежните институции што побрзо да ја отстранат воочената неправилност, стои во соопштението на Левица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.