Граѓанската активистка, Мери Николова Буџаку, преку својот Фејсбук профил му се обрати на премиерот Зоран Заев, со зборовите дека е најголем лажго и дека на наредните избори таа прва ќе застане против него.

Заев, ти си за мене најголем лажго. Зошто? Затоа што ме гледаше во очи и ме лажеше. Не си ти тој вистинскиот, како што ја покажуваш твојата лажна насмевка во јавноста. Да нема забуна, мојата критика не е за работа, за болест се работи, поточно за ретка болест за која нема лек и ништо од ветеното Зоране. Здравството ти е дно. Многу сум ти лута. Никогаш во иднина нема да те поддржам и запамти, „воините никогаш не спијат, вели Николова Буџаку.

Поради тој очај и мојата гордост се одјавувам од ФБ со моја активност на статуси се до наредни избори кога јас прва ќе застанам против тебе. Еднаш човек кога ќе ме повреди никогаш не му простувам. Јас во свој стил ќе ти вратам. А тие што лижат газови ќе се пензионират како лижачи, можете и таков закон по брза постапка да изгласате во Собрание, стои во нејзината објава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.