Судскиот совет на денешната 429-та седница донесе одлука со која за вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија од Апелационен суд Скопје.

Судскиот совет, на денешната седница, претходно донесе одлука за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Лидија Димчевска, која од март 2018 година беше в.д. претседател на скопска Апелација.

На седницата, било расправано и за избор на генерален секретар на Судскиот совет, но не е донесена одлука за избор, и ќе се носи на наредна седница.

Судскиот совет, информира дека на денешната седница бил разгледан и Извештајот од работна посета на Основен суд Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.