Од АД МЕПСО ги потврдиле информациите во јавноста дека ќерката на ексградоначалникот на Гостивар oд ДУИ, Невзат Бејта, Фиторе Бејтa Aкику е вработена во МЕПСО, јавува Макфакс. Од таму велат дека таа била избрана како најдобар кандидат од пријавените на огласот на енергетската компанија.
На последниот оглас за вработување објавен во согласност со Законот за работни односи, на работната позиција референт за набавки во одделот за комерцијални работи вработено е горепосоченото лице како најдобар кандидат од конкурентите на огласот, одговориле од МЕПСО за порталот.
Од компанијата додале дека договорот за вработување е склучен во четвртокот на 20 декември 2018 година. Работната позиција е референт за набавки, во одделот за комерцијални работи, во службата за комерцијално набавни работи, со виша/висока стручна спрема. Нето-платата што ќе ја добива Фиторе е 36.540 денари, како што било објавено и во огласот за вработување.
Во АД ЕЛЕМ годинава се вработи и ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери како референт за правни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.