Претседателот на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски,во гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, вели дека јавната обвинителка Вилма Рускоска е обвинителка на СДСМ, која служи за политички прогон на неистомисленици и лица од ВМРО-ДПМНЕ.

Вилма Рускоска, дел од Шарената револуција е ваш обвинител кој служи за политички прогон на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Кога сте виделе вие јавен обвинител да излезе на телевизија и да зборува за одреден предмет. Никаде во светот го нема тоа. И не е само тоа, судијката Кацароска мислам беше во емисијата 360 Степени излегува и зборува за предмет. Каде е тука претпоставката за невиност? И вие зборувате дека сте направиле промена, додаде Менкиноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.