Последните пораки од официјална Софија се со цел да се откажеме од Македонците во Бугарија кои имаат добиено повеќе пресуди од судот во Стразбур, а поради кои официјална Софија е притисната од меѓународните организации.

Ова го вели во интервју за Канал 5 адвокатот и застапник на здруженијата на Македонците во Бугарија, Тони Менкиновски… Тој смета дека официјална Софија врши притисок врз Македонија и Македонците во Бугарија.

Менкиноски смета дека Бугарија покажува јасна агресија кон Македонија и затоа може да се соочи со исфрлање од Советот на Европа, најстарата европска институција, и прашува дали со договорите со Бугарија и Грција се поништени правата на Македонците во овие држави?

Смета дека македонската Влада проблемот со Бугарија треба да го крене на меѓународно ниво.

Со пресудите од Стразбур, Бугарија е задолжена до јуни да го признае македонското малцинство, потсетува Менкиноски.

За жал, Бугарија преку административни забелешки и притисоци кон Македонците не ги извршува пресудите. Од друга страна Македонија не може да се откаже од права на бугарските државјани, вели Тони Менкиноски во интервју за Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.