Лидерот на ДПА Мендух Тачи во гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ21, зборувајќи за актуелните состојби во земјата кажа дека ДУИ се плаши од пописот, бидејќи може да испадне бројот на Албанци да биде под 20%, а тоа според него би значело дека лошите политики на ДУИ ги натерале Албанците да си заминат од земјата.

Вие сте приметиле дека кај ДУИ постои еден страв за да не се направи пописот. Можеби не го кажуваат тоа јавно, но по кулоари кажуваат дека постои ризик бројот на Албанци да е паднат под 20%. Ова може да биде вистина, но оваа вистина открива и една друга вистина дека од 2001, 19 или 18 години на политичкото и владејачко дејствување на ДУИ резултира со тотално фијаско. Ако денес се плашиме дека нашиот број ќе биде под 20%, тогаш анализата вели дека Албанците си заминале од тука, Албанците не виделе тука перспектива, Албанците мигрирале и ова е еден многу цврст аргумент, рече Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.