Новинарката Менче Атанасова Точи, која веќе неколку години ги анализира состојбите во здравството на својот ФБ профил излезе со тврдење дека ова што се случува со КОВИД-19 во Македонија е тотален хаос и распад на здравствениот систем.

-Ова е тотален хаос и распад на здравствениот систем. Толку имам да кажам!!!, напиша искусната новинарка.

Според неа, прво треба да се постави човек на влез на Клинички што ќе ги упатува пациентите со Ковид каде да се јават на преглед.

-И наместо да се занимаваат со жолти и зелени зони, прво да си постават човек на влез во клинички што ќе ги упатува пациентите со ковид каде да се јават на преглед. Кажале на телевизија, ве молам, додава Точи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.