Менаџментот на Градската општа болница “8-ми Септември” ја информира јавноста дека болницата е спремна и подготвена во целост да пружи здравствена заштита на граѓаните во рамките на сите нејзини дејности.

Болницата е опремена со сите современи и врвни медицински потрошни материјали и лекови, и нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање, како што беше презентирано од страна на Телевизија Телма.

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје и понатаму останува посветена и силно подготвена во борбата со ковид-19, како и со сите останати болести и состојби кои го нарушуваат човечкото здравје, се вели во соопштението од ГОБ „8 Септември“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.