Остварив средба со Дejвид Мекалистер потпретседател на ЕПП и Претседател на Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент. Му ја пренесовме загриженоста за нарушувањата на изборниот процес и лошото искуство со бројните престапи од последниот референдум, како и отсуството на волја на власта во Македонија сето тоа да добие правна разрешница. Пријателот на Македонија Мекалистер се заложи за обезбедување на фер и демократски избори и со својот личен ангажман ќе се обиде да влијае да не дојде до крадење на изборната волја на граѓаните или креирање на недемократска атмосфера во пресрет на изборите – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.