Државата не дозволи на домашните фармации да ги искористат своите конекции за побрзо да обезбедиме вакцини против Ковид-19, вели сопственикот на веледрогеријата „Зегин“, Благоја Механџиски.

Ние имаме многу слаб тим на ниво дури и на министерство којшто може да формира индекс на предвидување, како ќе се движи. Ние живееме од едно до друго јавување на министерот. Државата не дозволи фирмите кои се бават со лекови да набават лекови. Бидејќи не се набавуваат лекови само директно преку фабриката, има и други веледрогерии има и други конекции. Ние чекаме, а не сакаме да ја игнорираме државната иницијатива, ја поддржуваме. Ние можевме и сега можеме да набавиме вакцини, дециден е Механџиски во интервјуто за емисијата „Трлинг“.

Заев, пак, на изјавата на Механџиски одговара дека таква понуда до него не стигнала.

Кај мене ниту една домашна приватна веледрогерија нема понудено помош за обезбедување на вакцините, изјави премиерот Заев за “Фокус”.

Македонија се уште нема прецизен датум кога ќе почне масовната вакцинација, а не се знае ниту кој вид на вакцини ќе стигнат први. Земјава досега доби мал број на вакцини со кои започна имунизацијата на здравствените работници. Земјава доби вакцини „Фајзер“ од Србија и 3.000 вакцини од рускиот производител „Спутник V“. За бавниот процес на вакцинација има бројни критики во јавноста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.