Сопственикот на веледрогеријата „Зегин“ Благоја Механџиски во интервју за „Тринлинг“ зборува и за соработката со државата со веледрогериите, односно за сопственот искуство со Фондот за здравствено осигурување и поранешниот директор Ден Дончев, кој неславно ја напушти позицијата.

Малку се тие скандали што му ги извадија на Ден Дончев, има многу повеќе, да не отвараме. Тој човек дојде од Австралија во Македонија да се збогати. Не знам кој го штити, но го знам многу добро. Тој беше компромитиран и претходно. Кога бил тој на страната на македонската здравствена потреба? Никојпат. Најпромашена инвестија за ФЗОМ беше Ден Дончев. Не знам каде е сега и не ме интересира, само знам дека направи многу големо зло на македонското здравство. Тој човек немаше квалитети да го води македонското здравство. Многу добра услуга направи што си отиде од здравството, вели Механџиски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.