Невладината Меѓународен сојуз на Боки 13 се оглеси преку соопштение. Тврди дека организацијата работи според закон и на ниту еден начин не е опфатена со истрагата Рекет. Информациите дека организацијата била користена како алатка за извлекување пари заради наводна изградба на домови за стари лица, потпретседателката на Меѓународен сијуз ги оценува како неосновани и тенденционзни шпекулации.

Во соопштението е наведено дека 720-те илјади евра кои легнале на сметката на пензинерката Лилјана Тодоровска како координатор и идеен творец на прокетот за изградба на старечките домови, веќе биле предмет на истрага на Финансиската полиција и ОЈО Скопје кои утврдиле дека нема ништо незаконско.

Временското одлагање и доцнењето на остварувањето на целите на Меѓународен сојуз е исклучиво од објективни причини а никако по вина на МС и координаторите на проектите, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска бара покрај со Катица Јанева истрагата Рекет да биде проширена и со членови на највисокото ракаоводство на СДСМ. Опозицијата тврди дека е невозможно премиерот Заев да не знае со кого соработувале неговите министри и градоначалници.

Уште помалку Катица Јанева можела да биде измамена и злоупотребена. Под своја команда го има сето СЈО, обвинители, истражители и правосудна полиција во состав од вработени од БЈБ, УБК, УЈП, Централен Регистар, Финансиска полиција, Царина и Управата за финансиско разузнавање.

„Рекет“ на површина го вади сврзното ткиво на октоподот, криминогениот карактер на членовите на општествената власт. Рекетот го покажуваа сиот сјај на државната мафија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Истрагата засега е без одгвоор дали покрај Боки 13 и Зоки Кичеец ќе бидат опфатени и други лица. Од ОЈО Скопје тврдат дека и покрај годишниот одмор на обвинителката Рускоска, институцијата секојдневно превзема дејствија за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.