Точно е дека ДУИ го прекрши договорот за „победник со победник“ на изборите, но тоа треба да остане во минатото, вели потпретседателот на „интегративците“ вели Изет Меџити, според кого на сите треба да им биде јасно дека во оваа земја не може да има Влада без албанскиот победник на изборите.

ДУИ како најголема Албанска партија и гарант на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, имаме задача да ги заштитиме правата на Албанците и затоа не може да има Влада во оваа земја без албанскиот победник на демократските избори. Албанскиот претставник во Владата го определува волјата на Албанците, а не волјата на сојузите и канцелариите, вели Меџити.

Тој вели дека улогата на ДУИ која на последните избори ги прекрши своите принципи и влезе во коалиција со СДСМ не треба да се заборави, но во исто време треба да се остави во минатото.

Не треба да се заборави клучната улога на Али Ахмети и ДУИ кои што делуваа спротивно на спротивно на својот принцип „победник со победник“ и на многу принципи и иако ги изгубија парламентарните избори, отидовме со СДСМ со визија која денеска се покажува дека е реалност. Со визија, направивме над потребното за денеска Северна Македонија да биде дел од НАТО и да се отворат преговорите со ЕУ, вели Меџити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.