Пратеникот од ДУИ Изет Меџити за „Слободен печат“ потврди дека нема да гласа за новата влада на Димитар Ковачевски.

Претходно Меџити се спротивстави на изборот на експремиерот Зоран Заев и неговиот лидер Али Ахмети во владата на Заев дека за министри се предложени Артан Груби и Бујар Османи, но тогаш по разговор со лидерот на ДУИ ја гласаше владата на Заев.

Во Владата на Ковачевски повторно Груби и Османи се предложени за позициите прв вицепремиер и министер за политички систем и министер за надворешни работи, односно кај ДУИ нема промена на ниту еден министер. Главните аргументи на Меџити беа и се дека ни Груби, ни Османи немаат поддршка од базата за да бидат дел од извршната власт.

Ако само Меџити се воздржи од гласање, за владата на Ковачевски ќе гласаат 63 пратеници, односно таа ќе ја добие поддршката од мнозинството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.