Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро го осудува јавниот настап на претседателот на СДСМ, кој на прес конференција етикетираше новинари со што повторно се обиде да изврши притисок врз медиумите кои не се под контрола на власта.

– МАН бара претседателот на СДСМ веднаш да им се извини на новинарите и уредниците кои вчера беа предмет на притисок и етикетирања.

Доколку претседателот на СДСМ не се извини, МАН ќе ја стави на разгледување иницијативата поднесена од членовите за 30 дневен бојкот на активностите на Зоран Заев.

Истовремено, да потсетиме дека во времето на владеењето на СДСМ, што е хибриден режим според класификацијата на Фридом хаус и Економист, политичкиот притисок врз независните новинари се одвива преку правосудните органи. Па така, досега донесени се две осудителни пресуди по обвиненија за новинари, покренати се 5 кривични обвиненија, има триесетина граѓански пријави и закани за правосуден прогон од СДСМ и функционери на партијата, сменети се 4 главни уредници на приватни медиуми по нарачка од власта, а членови и симпатизери на СДСМ, вршат и закани за физичко насилство врз независните новинари и медиуми.

Сите овие примери во изминатите години придонесоа да се покачи просекот на неслобода на медиумите, а заедно со годинава, изнесува 61% правосуден притисок. Да потсетиме европскиот просек сеуште е околу 23%.

За овие, како и за сите други притисоци врз медиумите и новинарите, МАН редовно ги известува ЕФЈ и ИФЈ, како и странските преставници во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.