Медицинската сестра Нашиде Емини (1961-2021) која долги години била дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје почина од корона вирусот, соопшти Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.

Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски – објавија од Здружението на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.