Парламентарното мнозинство на СДСМ се распарчува, веќе им бегаат пратеници од нивната коалиција, рече вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Што мисли народот“ на локална штипска телевизија ТВ Стар.

По мене ВМРО-ДПМНЕ во моментов со сета почит кон сите претходни парламентарни состави го има најсилниот парламентарен состав, а тоа се гледа во Собранието, со квалитетот на луѓето кои ги имаме. Секако секој е стручен во својата област. Ова се пратеници избрани од народот, пратеници кои што ги бираше членството на ВМРО-ДПМНЕ и сум апсолутно убеден дека ќе останат до крај лојални на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека мечката овој пат заигра во дворот на Зоран Заев.

Во овој момент, еве ексклузивно, има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ кои што веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство, истакна Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.