Мебелот кој ѝ бил подарен на Катица Јанева од осомничениот Бојан Јовановски, наводно не бил платен во салонот од каде што бил набавен, пишува „Дојче веле“ повикувајќи се на извори од истрагата.

Според нивните информации, по интервенции од продажниот салон, лице од 1ТВ донело одредена сума во евра како гаранција дека мебелот наскоро ќе биде платен, а по плаќањето гаранцијата во евра да им биде вратена.

Покрај мебелот, најчестите подароци што Јанева ги добила од Јовановски биле парфеми, иако во јавноста се шпекулира и за бунда „Фенди“ која чинела многу повеќе од споменатиот мебел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.