Екипата на „Инфомакс“ во Битола дојде до скандалозно сведоштво на младо момче кое било нападнато од страна на, како што велат, параполициските структури на СДСМ.

Во текот на вчерашната вечер, момчето, кое замолило да остане анонимно, било стопирано со флешери од необележано полициско возило во Битола, а потоа и нападнато од страна на полицијаците, кои најпрво го фатиле за врат, а откако се обидел да ги снима, му ставиле лисици и го удирале по главата и телото.

Полициските службеници му рекле дека бил запрен поради прекорачување на брзината, но тој вели дека немале радар и на ниту еден начин не можеле да знаат со колкава брзина се движи. Иако застанал и ги имал сите потребни документи, како што вели, тој бил физички нападнат од тројца полицајци, еден од Битола и двајца од Скопје кои биле од единицата за специјални задачи „Тигар“.

Покрај заканите кон него, закани добила и неговата девојка која во моментот се возела со него во возилото.

Тој се сомнева дека неговото приведување било политичко мотивирано, а тоа може да се заклучи и од вербалните закани кои ги упатиле кон него дека ќе види што ќе се случува по изборите во недела.

Храброто момче кое сведочеше за „Инфомакс“ истакна дека и покрај сите притисоци, закани и физичкиот напад од полициските службеници, ништо нема да го поколеба во недела да излезе на гласање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.