Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на
процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ.

Апелираме до раководството на МНР и до Владата добиените средства во висина од околу 4 милиони американски долари веднаш да се реинвестираат во купување на недвижнини односно дипломатски станови во Њујорк. Имајќи предвид дека законските прописи предвидуваат уплата на овие средства во државниот буџет, сметаме дека постои реална опасност овие средства да се разводнат и потрошат ненаменски.

Со вакво реинвестирање на средствата, значително ќе се збогати станбениот фонд на Македонија во странство, со што барем делумно ќе се намалат огромните трошоци кои се исплаќаат за кирии на нашите дипломати во странство. Патем, вакви се и искуствата во земјите од поранешна Југославија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.