Годинава просечна оценка за државната матура е 3.47. Резултатите се добри и може да се каже дека има напредок од претходните години, изјави на прес конференција министерот за образование и наука Арбр Адеми.

Просечната оценка за македонски јазик е 3.69, а математика 3.65 и е најдобра во последните 3 години. Изборниот предмет англиски го полагале над 14.000 ученици, а 7 проценти не положиле. Кандидатите кои не положиле во јуни ќе можат да полагаат во августовскиот рок. Ако не положат во август ќе мора да чекаат до јуни идната година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.