Документот кој е доказ за извршената имунизација вакцинираните лица ќе треба да го побараат кај матичните лекари.

Оваа одлука на здравствените власти, според матичните лекари ќе биде главна причина за гужви пред ординациите, особено периодов кога вакцини има и вакцинацијата се одвива со засилено темпо. За „Телма“ некои од нив велат дека веќе се информирани за процесот на издавање на сертификати, додека други сè уште не знаат што точно се бара од нив.

Незадоволството за тоа како се третирани од почетокот на самата здравствена криза, па и досега, матичните лекари неколкупати го изразија јавно, но не наидоа на некакви промени и поддршка од МЗ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.