Жаклина Чагороска од „Мој термин” во вечерашната Топ Тема потврди дека за време на велигденските празници ќе паузира и ревакцинацијата на граѓаните против Ковид 19 со вакцината Спутник В.

Таа објасни дека тоа се прави во консултација со граѓаните кои побарале нивното ревакцинирање да не биде во текот на празниците.

Што се однесува до пунктовите за вакцинација, тоа ќе зависи од количините со кои тие располагаат.

Ако имаат количини верувам дека ќе работат и ќе ја спроведат вакцинацијата, изјави Чагороска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.