Револтирани ученици и родители денеска точно напладне излегоа на протести низ целата земја поради најавата за дигитализација во образованието и укинување на учебниците.

Од пред Владата на Македонија предводничката на иницијативата, Драгана Спасевска истакна дека институциите не сакаат да ги слушнат нивните барања.

Тргнете ја вашата лоша политика, на страна до нашите деца. Баравме, бараме и ќе бараме задолжително учество на претставници од граѓанскиот сектор во работна група кои ќе работат на новиот Закон.

Освен во Скопје каде се одржа главниот протест, денеска се протестираше и во повеќе градови низ земјата.

Дел од нив беа во Битола, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Македонска Каменица, Куманово и Радовиш каде масовен број на родители и ученици излегоа поради незадоволството од оваа реформа на министерката Мила Царовска.

Инаку тие се гневни и поради фактот што во веќе во графата за родители на децата не стојат мајка и татко, туку родител 1 и родител 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.