Масовната имунизација на населението во Македонија почнува во среда, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче по пристигнувањето на првите вакцини „Астра Зенека“ преку ковакс-системот.

Вакцинацијата започнува во среда откако ќе се заврши административната процедура во Агенцијата за лекови. Први за вакцинација ќе бидат 20.000 луѓе коишто се веќе пријавени над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција што значи дека ќе се спроведе во вакциналните пунктови, рече министерот за здравство.

Министерот додаде и дека добиле добри вести од ЕУ дека во април ќе пристигнат и други вакцини во земјава.

Во однос на количините и следните чекори имавме добри вести од ЕУ дека во месец април треба да пристигнат и други вакцини од Кина итн. што значи дека сите пријавени како ризични категории според приоритетите ќе бидат повикувани по овој систем како доаѓаат вакцините, место за масовна вакцинација ќе биде салата „Борис Трајковски“.

Филипче рече дека вакцините кои денес пристигаа се со корејско потекло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.