Катица Јанева оди во куќен притвор, одлучи скопскиот апелационен суд, по жалбата на ексспецијалната обвинителка. Пред малку притворената Катица Јанева од затворот Шутка е пренесена во куќен притвор. Маскирана целосно скриена во полициска јакна таа не изусти ни збор. Решението го донесе Апелациониот суд во Скопје и дозволи куќен притвор без гаранција иако таа имаше понудено имот.

За десетина дена таа ќе треба да биде доведена во Кривичниот суд на закажано прво рочиште за случајот Рекет во кој е обвинета заедно со Боли 13. Неговото присуство е неизвесно оти според неговиот адвокат Бојан е во многу тешка здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.