Германија ќе продолжи да дава свој придонес за продолжување на европскиот пат на Македонија, порача денеска шефот на германската дипломатија Хајко Мас пред доаѓањето во Скопје.

–  Македонија цврсто и припаѓа на Европа. Сакаме ЕУ да го одржи зборот кон  Македонија и Албанија.  Македонија постигна историски договор со Грција. Германија ќе придонесе за продолжување на тој пат. Не се работи само за кредибилитетот на ЕУ, туку и за нашиот стратешки интерес за постоење на стабилен и сигурен регион во срцето на Европа, се наведува во пораката на Мас.

Тој нагласува дека „заедничка цел е што побрз почеток на пристапните преговори“, за што, како што вели, денеска ќе разговара со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Се радувам на разговорите и со премиерот Зоран Заев и со претседателот Стево Пендаровски. Сега е важно да им се излезе во пресрет на очекувањата и надежите на граѓаните на Северна Македонија, потенцира Мас, порачувајќи дека земјава мора доследно да го продолжи патот на реформите и на владеењето на правото.

Како што најави Министерството за надворешни работи Димитров и Мас ќе разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи. Воедно ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.

П

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.