Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на општина Велес.

Според официјалните податоци на ДИК, тој ги победи своите противкандидати освојувајќи 51,63% од гласовите на велешани. Во број на гласови, тој освоил 12.358.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Ненад Коциќ, кој освоил 32,43% од гласовите или 7.763.

Следува кандидатот Златко Арсов од Левица со освоени 9,64% и Семир Алимов од БДС со 2,11%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.