Канцеларката Ангела Меркел ги стивна надежите пред почетокот на Самитот на ЕУ дека Македонија може да се надева на почеток на преговори.

Шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот за давање датум за почеток на преговори со С. Македонија и Албанија не се добри, призна германската канцеларка во обраќањето во Бундестагот, пренесе Дојче веле.

Ние имаме одговорност кон овие држави, рече Меркел: „Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива.”

Во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ-партнерите , кои сеуште имаат задршки кон почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на поголема транспарентност на процесот на проширување. Сепак, шансите за постигнување согласност на ЕУ-самитот не се добри, призна Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.